Општина Крушево потпиша договор за реализација на нов проект вреден 744 илјади евра

Општина Крушево потпиша договор за реализација на нов проект вреден 744 илјади евра

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“, чија вредност изнесува 744.000 евра.

„Денес го потпишав договорот со кој официјално започнуваме со имплементација на уште еден проект од областа на туризмот. По имплементацијата на проектот ‘Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево’ кој достигна сума од 700.000 евра, продолжуваме со овој голем проект кој ќе донесе подобрување на туристичка инфраструктура, помош за угостителскиот сектор и поголема промоција на Крушево во меѓународни рамки. Туризмот е наш приоритет и тоа е иднината на општина Крушево“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.

Проектот опфаќа изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на две мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на Општина Крушево ќе се имплементираат и различни видови на обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор.

Покрај општините Крушево и Елбасан, во проектот се вклучени и две невладини организации од нашата земја и од Албанија.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …