влажни коловози

Студено време со дневни температури под нулата

Во нашата земја денеска ќе преовладува облачно и студено време, со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе се движи во интервалот од -5 до 4 степени Целзиусови.

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …