Зима Крушево Снег

Утринава измерени поларни температури, следува стабилизирање на времето и значителен пораст на температурите

Утрово на целата територија на нашата земја беа измерени екстремно ниски температури. Најстудено беше во Маврови Анови и Берово, каде беа измерени -20 степени, во Куманово -19, на Попова Шапка -18, Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13, во Охрид, Штип и Виница беа регистрирани 12 степени под нулата, во Скопје -9, Дојран -6, а во Гевгелија -4 степени.

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, на места ќе провејува снег, особено претпладне во западните и северните подрачја. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …