Знамиња Македонија Бугарија

Денеска продолжува меѓувладината седница помеѓу Македонија и Бугарија

Синоќа заврши првиот ден од официјалната посета на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и на владина делегација од Северна Македонија на Бугарија.

Работниот дел од официјалната посета започнува денеска со пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат претседателите на двете влади, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Агендата предвидува тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби е предвидено да продолжат со пленарната седница, на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, после што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.

Работниот дел на заедничката седница на двете влади завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков.

Во попладневните часови, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание, Никола Минчев.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …