МНР

МНР: Дипломатот од кариера Јордан Панев е Генерален конзул во Њујорк и не се предвидува негова предвремена замена

Министерството за надворешни работи со писмена реакција ја демантираше информацијата објавена во некои медиуми, дека на завчерашната затворена седница Владата одобрила Бесмира Ејупи да биде именувана за Генерален конзул во Њујорк, САД. Во реакцијата на МНР се вели:

„Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …