Москва Русија Кремљ

Со шест исклучоци, Русија ги смета сите европски земји за непријателски [мапа]

По налог на рускиот претседател Владимир Путин, руската влада составила список од држави коишто презеле непријателски акции против Русија, руски компании и граѓани, пренесува српската телевизија Н1. Од овој список што го објавија и руските државни медиуми изземени од листата на непријателски земји во Европа засега се само шест земји: Белорусија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Турција и Исланд.

На овој список се наоѓа Северна Македонија, заедно со САД, Канада, Велика Британија (вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британски Девствени Острови, Гибралтар), сите земји-членки на ЕУ, Украина, Сан Марино, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.

Инаку, земјите споменати на оваа листа од Русија воведоа санкции или се приклучија на санкциите против Русија откако започна руската инвазија на Украина.

Податоците на руската влада велат дека руските граѓани и компании, како и руските државни институции кои имаат кредити и други обврски од компании од земји од оваа листа ќе можат да ги плаќаат во рубљи. Притоа, должникот може да побара од руските банки да отворат посебна сметка во рубљи и преку неа да се извршат плаќања во рубљи според курсот на Централната банка на Русија на денот на исплатата, додава српскиот весник Политика.

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …