Совет на општина Прилеп: Усвоена Годишната сметка на општинскиот буџет, но не и Извештајот за безбедносната состојба во втората половина од 2021 година

Совет на општина Прилеп: Усвоена Годишната сметка на општинскиот буџет, но не и Извештајот за безбедносната состојба во втората половина од 2021 година

На денешната 9-та седница, покрај другото, членовите на општинскиот Совет ги усвоија Годишната сметка на буџетот за 2021 година, Годишниот извештај и измената на Одлуката за извршување на буџетот на Општина Прилеп за тековната 2022 година.

Усвоени беа и Годишните сметки за 2021 година на ЈКП „Водовод и канализација“, ЈКП „Комуналец“ и ЈП за ПУП,  како Годишните сметки на  ЈОУДГ „Наша иднина“, ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“.

После бурна дебата, не помина Извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година, додека со мнозинство гласови беше усвоена Одлуката за утврдување на приоритет на под-проектот „Реконструкција на улицата ‘Леце Котески’“.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …