СДСМ: Не успеаја опструкциите на Мицкоски, имаме успешен и кредибилен попис

СДСМ: Не успеаја опструкциите на Мицкоски, имаме успешен и кредибилен попис

Соопштение за јавност на СДСМ

Имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ и покрај сите опструкции на Мицкоски.

Пропаднаа сите срамни обиди за бојкот и саботажа на оваа исклучително важна статистичка операција.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најавуваа бојкот при самото објавување на датумот на спроведување на пописот.

Истите тие бараа да се одложи пописот и иницираа петиција за собирање потписи против пописот. Мицкоски прв се потпиша.

Лично тој пишуваше писма до амбасадорите против пописот.

И покрај сите овие опструкции, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздравија Европската комисија и сите релевантни чинители.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …