Ковачевски: Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија

Ковачевски: Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски вчера имаше онлајн состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, посветен на идните чекори на заедничката препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

На состанокот тројцата лидери се договорија дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи во првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заеднички ќе се организира голем туристички саем на вино и храна во Србија на кој македонските, албанските и српските производители на вино и храна ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гостите од регионот и Европа.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата. Од тие причини, на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На состанокот беше истакнато дека Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …