Делчево

Делчево подготвено за централната прослава по повод Денот на македонската полиција

Делчево е подготвено да биде добар домаќин за централната прослава по повод Денот на македонската полиција која ќе се одржи на 7 мај, сабота, под мотото „МВР за граѓаните“ и концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.

Централната прослава и содржините спакувани во неа даваат одлична можност и за порелаксирано дружење на граѓаните со припадниците од организациските единици на полицијата, кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.

Според организаторите на на настанот, посебно внимание заслужуваат содржините за најмладите и најразличните игри и дружење со полициските службеници, што од своја страна ја гради довербата во службеното лице –полицаец. Целта е одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема.

Настанот ќе се одвива во градскиот парк со почеток од 12.30 мин, а освен презентација на опрема и оружје, најавена е и богата културно-забавна програма. 

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …