Премиерот Ковачевски во работна посета на Кралството Белгија и ЕУ

Премиерот Ковачевски во работна посета на Кралството Белгија и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.

Во Брисел премиерот Ковачевски ќе оствари билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.

Работната посета на претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …