Ковачевски - Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Ковачевски – Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан денеска се сретна со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино.

На средбата беше истакнато традиционалното пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности.

Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино изразија согласност дека прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …