Влада

Редовна 49-та седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи редовната 49-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пред министрите за разгледување, на предлог на Министерството за економија ќе се најде и Информација во врска со усвојување на Планот за енергија и клима на Република Северна Македонија.

Меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува и Информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година со акциски план за нејзино спроведување, изготвена од Министерството за финансии.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …