Сменет претседателот на бугарскиот Парламент

Сменет претседателот на бугарскиот Парламент

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“.

Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан.

Барањето за негово разрешување беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

„Во пленарната сала има ново мнозинство“, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување.

Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков.

Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифунов излезе од владата и сега владејачката коалиција нема мнозинство во Парламентот.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

На самитот во Котор под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ , лидерите на земјите од …