Општина Прилеп ќе исклучи дел од електричната инфраструктура каде имало прекумерно осветлување

Општина Прилеп ќе исклучи дел од електричната инфраструктура каде имало прекумерно осветлување

Општина Прилеп ќе исклучи дел од електричната инфраструктура каде имало прекумерно осветлување

Општина Прилеп испрати информација до медиумите и до граѓаните на општината, дека поради светската енергетска криза и зголемените цени на електричната енергија, а со цел градот да не потоне во целосен мрак, донесла одлука во врска со уличното осветлување.

„Во наредниот период делумно ќе исклучиме дел од постоечката електрична инфраструктура во централното градско подрачје на принципот преку-една и тоа исклучиво на места каде што очигледно имаме дури и прекумерно осветлување. Потенцираме дека водиме максимална грижа како за непречено одвивање на сообрајќајот во ноќни услови така и за пешаците и дека со делумното намалување на уличното осветлување нема да биди нарушено нивното движење“, се вели во информацијата на Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …