Падна Владата на Кирил Петков во Бугарија

Падна Владата на Кирил Петков во Бугарија

Предлогот да се изгласа недоверба на Владата го поддржаа 123 пратеници, додека досегашното владејачко мнозинство успеа да собере поддршка од само 116 пратеници. Бугарија влегува во нов период на политичка нестабилност.

Падна бугарската Влада, предводена од премиерот Кирил Петков. Бугарските пратеници попладнево ѝ изгласаа недоверба. Предлогот да се изгласа недоверба на Владата го поддржаа 123 пратеници во вкупно 240 во парламентт. Против ваквата одлука беа 116 пратеници.

За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба. Владата на Петков ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија „Продолжуваме со промените“, како и пратениците од  коалициските партии БСП (26) и Демократска Бугарија (16 пратеници).

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, по барање на партијата ГЕРБ поради економските неуспеси на владата. Петков во своето обраќање рече дека „му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова“.

Владата предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …