Драматична состојба во Авганистан по разорниот земјотрес

Драматична состојба во Авганистан по разорниот земјотрес

По силниот земјотрес во Авганистан, со стотици загинати, започна да пристигнува помошта за преживеаните. Обединетите нации се особено загрижени поради големиот број луѓе кои останаа без своите домови.

Бројот на жртви во катастрофалниот зејмјотрес со јачина од 5,9 степен според Рихтеровата скала кој го погоди истокот на Авганистан е зголемен на 950, соопштија локалните власти.

Како што наведе претставникот на секторот за вонредни ситуации, во земјотресот се повредени 610 луѓе.

На снимките и на фотографиите објавени на социјалните мрежи, по земјотресот кој ја погоди областа Пактика, се гледаат луѓе на носила, рушевини и уништени куќи.

Поголемиот дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните области Нангаехар и Кост. Со земјотресот е погодено густо населеното подрачје на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а земјотресот се почуствувал во опсег од 500 километри.

Karte Erdbeben Afghanistan DE

ОН: Немаме капацитети да му помогнеме на Авганистан

Обединетите нации немаат доволно капацитети за потрага и за спасување на луѓето по силниот земјотрес во Авганистан, а Турција е во најдобра позиција да ги обезбеди, изјави Рамиз Алакбаров, заменик на претставникот на ОН во Авганистан.

„Разговаравме за тоа со амбасадорот на Турција тука на терен и тие очекуваат да им испратиме формално барање“, рече Алакбаров.

Тој додаде дека ОН ќе може да испрати такво барање до Турција дури по разговорот со локалните власти и кога ќе се утврди реалната ситуација на теренот.

Во силниот земјотрес кој го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан во близината на пакистанската граница, според досегашните податоци, загинале 1.000 луѓе, наведуваат локалните власти.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …