СДСМ: Сега и ЕУ и Вархеј му се виновни на Мицкоски, тоа ли се насоките од Груевски?

СДСМ: Сега и ЕУ и Вархеј му се виновни на Мицкоски, тоа ли се насоките од Груевски?

Соопштение за јавност на СДСМ

Откако му потонаа сите лаги, откако не успеаја сценарија за дестабилизација на земјата, откако неговите пратеници побегнаа од дебата и не гласаа во македонското Собрание, сега на Мицкоски му се виновни ЕУ и еврокомесарот Вархеј.

Тоа ли се насоките од Никола Груевски по кои Мицкоски замина за Будимпешта, или има и нешто друго?

Дали во Будимпешта Мицкоски исто така ја ословуваше својата земја како кратенка од регистерска табличка, со НМК?

Дали во колата за Будимпешта освен за Николовски, имаше место и за неговиот партнер Апасиев?

Мицкоски треба да се отрезни од деструкциите, инаку останува сам со Апасиев во анти ЕУ коалицијата која одработува за туѓи интереси.

Прочитајте повеќе

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде …