Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Бугарија

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, со директорот на ЕСМ Васко Ковачевски како и со претставници од ресорите економија и енергетика, денеска е во работна посета на Бугарија, со цел справување со последиците од светската енергетска криза.

Во рамки на еднодневната посета предвидено е премиерот Ковачевски да се сретне со премиерот на Бугарија Галаб Донев, по што ќе следат работни состаноци и заедничка прес-конференција.

За време на работната посета на Бугарија, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Прочитајте повеќе

македонско и бугарско знаме

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

Течат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за состав на Влада иако добар дел од програмите …