Британија добива нов премиер

Британија добива нов премиер

Во Британија денеска треба да биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Исто така ќе биде познато дали министерка за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција. По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали.

Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас. Денеска во 12 часот и 30 минути по локално време ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Во вторник британската кралица Елизабета Втора во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именува новиот лидер на ториевците за премиер на Британија. Претходно Џонсон ќе се обрати од „Даунинг стрит 10″, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон и ќе се обрати од „Даунинг стрит 10″ и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада. Првата седница на новата британската влада треба да се одржи на 7 септември.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …