Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Бугарија

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, со директорот на ЕСМ Васко Ковачевски како и со претставници од ресорите економија и енергетика, денеска е во работна посета на Бугарија, со цел справување со последиците од светската енергетска криза.

Во рамки на еднодневната посета предвидено е премиерот Ковачевски да се сретне со премиерот на Бугарија Галаб Донев, по што ќе следат работни состаноци и заедничка прес-конференција.

За време на работната посета на Бугарија, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Прочитајте повеќе

Што би значела загубата на српската нафтена индустрија за Русија?

Што би значела загубата на српската нафтена индустрија за Русија?

Се чини дека Русите не се откажуваат од тоа партнерство, додека компанијата се најде под американски …