(ВИДЕО) Катастрофа во Индонезија: Најмалку 174 лица загинаа во немирите после завршувањето на фудбалски натпревар

(ВИДЕО) Катастрофа во Индонезија: Најмалку 174 лица загинаа во немирите после завршувањето на фудбалски натпревар

Најмалку 174 лица загинаа а преку 200 се повредени во немирите што се случија во Индонезија, после завршувањето на натпреварот помеѓу Арема и Персебаја Сурабаја.

Разочарани од поразот, домашните навивачи влетале на теренот, а полицијата во обид да ја смири толпата уптребила солзавец по што се создало стампедо.

Според инфромациите од Индонезија, има и малолетници и многу луѓе во критична здравствена состојба со што не се исклучува можноста за дополнително зголемување на бројот на починати лица. Оваа трагедија е втора најголема на еден фудбалски настан.

Според изјавата на директорот на една од болниците каде се пренесени повредените, некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот, а меѓу загинатите има и петгодишно дете.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата”.

ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата”.

Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …