Почина економистот Владимир Глигоров, син на претседателот Киро Глигоров

Почина економистот Владимир Глигоров, син на претседателот Киро Глигоров

Вчера во Виена, на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави МИА од Белград. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија” во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Македонија, Србија и Црна Гора.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари. Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика”, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal” и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …