Премиерот Ковачевски ги кани претседателите на парламентарните политички партии на лидерска средба

Премиерот Ковачевски ги кани претседателите на парламентарните политички партии на лидерска средба

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ќе испрати официјална покана до претседателите на парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи во понеделник, 7 ноември во 12:,00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на државата, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …