СДСМ

СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски со потврдувањето на континуитетот со Ванчо Михајлов ја погази иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на идеи кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх.

Мицкоски лицемерно зборува за патриотизам и национални итнереси и осудува отворање на клубови со имиња на контроверзини историски личности, а од друга страна бара да се почитува Ванчо Михајлов како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музејот во Скопје.

Најголемата поддршка на бугарските клубови во Македонија доаѓа токму од претседателот на најголемата опозициска партија.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …