СДСМ: Мицкоски да го прекине изживувањето со скопјани и да ги запре блокадите

СДСМ: Мицкоски да го прекине изживувањето со скопјани и да ги запре блокадите

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски да прекине со изживувањето врз скопјани и да ги запре блокадите.

Блокадите и хаосот во Скопје се во политичка режија на Христијан Мицкоски.

Трет ден сообраќајот во Градот е целосно парализиран, граѓаните не можат навреме да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.

Поради неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска, штета трпат граѓаните.

Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на Град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргнат блокадите.

Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси.

Веднаш да прекине блокадата на главниот град.

Прочитајте повеќе

Сдсм знаме

СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Соопштение за јавност на СДСМ Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која …