АА: МНР да го повика рускиот амбасадор Баздникин по твитот „Косово е Србија, Крим е Русија“

АА: МНР да го повика рускиот амбасадор Баздникин по твитот „Косово е Србија, Крим е Русија“

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) денеска побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје, со кој е објавена фотографија од националистички мурал во Косовска Митровица, на кој стои „Косово е Србија, Крим е Русија“. Како дополнение на фотографијата, од Руската Амбасада напишале напомена дека Русија е и Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.

 

„Алијанса за Албанците ја осудува неодамнешната провокација на руската амбасада во Скопје на Твитер, со која сериозно се прекрши Уставот на земјата којшто го признава Косово како независна и суверена држава. Северна Македонија е исто така јасно усогласена со Западот во осудата на руската агресија врз Киев и во одбраната на територијалниот интегритет на Украина“, се наведува во соопштението од Алијанса за Албанците.

Од партијата велат дека МНР треба да протестира против ваквите брутални интервенции на Русија, надополнувајќи дека Северна Македонија, како земја-кандидат за членство во Европската Унија, не смее да дозволи вакви малигни влијанија од акредитирана амбасада во Скопје.

„Молкот пред ваквите провокации може да се сфати како легитимирање на проширувањето на руската агенда на Балканот, којашто заедно со воено поттикнувачката политика на Србија кон Република Косово, се директна закана за мирот и безбедноста во регионот, како и саботирање на Европска перспектива на Западен Балкан“, се наведува во соопштението на Алијанса на Албанците.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …