Адријано Котевски

Адријано Котевски: Пласманот со „Македонија Ѓорче Петров“ во плејофот, не е недостижна цел

Од неодамна, прилепскиот ракометен тренер Адријано Котевски, се наоѓа на чело на прволигашката екипа „Македонија Ѓорче Петров“.

Според неговите зборови, со раководството на ракометниот клуб од Скопје брзо постигнале договор за соработка, првенствено од аспект на поклопување на амбициите на клубот во преостанатиот дел од првенството да обезбеди пласман меѓу петте првопласирани екипи во Првата лига – група Б. Што, во тој случај, би значело пласман во плејофот и можност за разигрување за пласман во ракометната Суперлига.

За таа цел, покрај ангажирањето на новиот стратег, екипата се засили со неколку ракометари кои, како што вели Котевски, ќе ја зголемат конкуренцијата и квалитетот на екипата.

Работејќи во младинските категории во тимот на РК „Прилеп“, Котевски се закити со титулата државен првак, а сениорската екипа ја внесе во најквалитетната Суперлига.

Минатата година, Адријано Котевски имаше ретка можност извесен период да присуствува на тренинзите на унгарскиот шампион „ПИК Сегед“ и да ја следи работата на докажаниот шпански стратег, Хуан Карлос Пастор, а од неодамна тој е сопственик и на „Мастер Коуч“ лиценцата.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …