Аеродромци и денеска засадуваа дрвја

Аеродромци и денеска засадуваа дрвја

Општина Аеродром ја продолжи големата акција за засадување дрвја започната минатата недела.

Во денешната акција на улицата „Тоше Проески“ и во Реонски центар, беа засадени над 150 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја. Во акцијата се вклучија учениците и вработените од училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“, дел од советниците, општинската администрација и други граѓани.

Зазеленувањето останува врвен приоритет на Општината, како една од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот и збогатување на просторот со нови дрвја. Предвидено е засадување на околу 3.300 садници, за чија набавка во буџетот за наредната година се предвидени дополнителни 20 милиони денари.

Општина Аеродром им се заблагодарува на сите граѓани за својот придонес во зазеленувањето на Општината.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …