Агелер: Борбата против корупцијата е приоритет за САД

Агелер: Борбата против корупцијата е приоритет за САД

Aмериканската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер истакна дека САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, која ќе се оствари следната недела.

Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на советникот Шоле, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, посочи дека ова биде ќе многу интензивна година. Таа додаде дека советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Македонија.

Во однос на прашањето дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, министерот Османи рече дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Македонија и во однос на содржината е стратешкиот дијалог и акцискиот план којшто произлегува од него, за кој, како што рече, се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.

„Во тој стратешки дијалог, во таа рамка, односно во тој акциски план, највидно место зазема заедничката соработка со САД во делот во борбата против корупцијата. Така што тоа е во рамки на договорена платформа за соработка помеѓу САД и Република Македонија и секоја нивна поддршка е добредојдена и сме благодарни за тоа“, рече министерот.

Османи дополни дека останува на САД да одлучи на каков начин ќе ја дадат таа поддршка.

„Минатата година ја дадоа веднаш по склучување на стратешкиот дијалог преку финансиска поддршка, дополнителни милиони евра за правосудството. Преку експертска помош, односно обука на луѓето кои се вклучени во правосудството. Еве, најава и преку листа на санкции“, рече тој.

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …