Агелер: Судскиот совет не ги исполни своите законски обврски

Агелер: Судскиот совет не ги исполни своите законски обврски

Амбасадорката на Соединетите Држави во Скопје, Ангела Агелер, вели дека Судскиот совет не ги исполнил во целост своите законски обврски во делот на постапувањето во врска со изјавите за политички притисоци врз Врховниот суд.

Во изјава за Алсат за случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во врска со ова прашање, таа наведува дека Советот не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски и дека тоа не е правдата што ја очекуваат жителите на оваа земја.

„Судскиот совет, теоретски независно тело – има клучна одговорност за назначување квалификувани судии и за дисциплинирање на оние кои не ги исполнуваат највисоките стандарди. Мандатот на Советот е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја. Жал ми е што морам да кажам дека сме виделе малку докази што укажуваат дека овие свети должности се исполнети. Народот на оваа земја заслужува подобро“, вели Агелер.

Во врска со застареноста на обвиненијата во случајот ТНТ вели дека очекува Апелациониот суд да биде надлежен за исполнување на законските обврски. Агелер вели дека сѐ уште нема информации за одлуката на Апелација, но додава дека второстепениот суд мора да одлучи согласно законот.

„Не сум ја видела одлуката на Апелациониот суд за отфрлање на обвиненијата во случајот ТНТ, но внимателно ќе ја разгледаме, со надеж дека пресудата е транспарентна и во согласност со законот“, вели Агелер во изјава за тв Алсат.

Коментарите на Агелер следуваат неколку дена откако таа одржа работна средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која јавно ги осуди политичките притисоци врз неа и врз институцијата што ја води, особено по барањето за враќање на аболицијата од 2016 година.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …