Агенцијата за храна на ОН дистрибуира помош во областите погодени од земјотресот во Авганистан

Агенцијата за храна на ОН дистрибуира помош во областите погодени од земјотресот во Авганистан

Хуманитарните работници стигнaле до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан и почнале да дистрибуираат итна храна за погодените, изјави за РСЕ Вахид Амани, портпарол на Светската програма за храна на Обединетите нации.

Амани рече дека преку оваа програма досега било доставено храна до неколку стотици луѓе во Херат.

„Подготвени сме да доставиме итна помош во храна на околу 20 000 луѓе“, рече Амани, додавајќи дека Агенцијата за храна на ОН е подготвена да го зголеми опфатот до 70 000 луѓе.

Инаку спасувачките напори да се најдат преживеани продолжуваат и денеска, откако земјотресот на 7 октомври, наводно, уби повеќе од 2 000 луѓе, иако билансот од потресот останува нејасен.

Портпаролот на талибанското Министерство за катастрофи, на прес-конференција на 8 октомври изјави дека загинале 2 440 луѓе, околу 10 000 биле повредени и дека повеќе од .000 куќи биле оштетени или уништени.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на околу 40 километри северозападно од Херат, кој има околу 700 000 луѓе во градот и околината. По него следуваа најмалку три големи последователни потреси.

Геолошкиот институт на Соединетите Држави го забележа најголемиот од потресите со јачина од 6,3 степени, а последниот последователен потрес бил на околу 30 километри североисточно од градот Зинда Јан, кој има население од околу 70000 луѓе.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …