Агенцијата за катастар продолжува со теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар продолжува со теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ, информира дека во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, финансиран од Кралството Шведска, продолжува теренското прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви.

Ативностите се во функција на воспоставување на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви за дополнителни 21 општина во државата, помеѓу кои е и општина Прилеп.

Теренските активности ќе ги спроведува Друштвото за премер на земјиште, инженеринг и трговија ГОФОТО ЗЕНИТ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО, врз основа на потпишан договор за теренско прибирање на податоци, кои на територијата на општина Прилеп ќе бидат спроведени во периодот од 3 мај до 17 септември, 2021 година.

Во таа насока, се информираат граѓаните, претседателите и советите на урбаните и месните заедници во општина Прилеп, дека во наведениот период ќе се изведуваат активности на терен поврзани со прибирање на податоци за улици и куќни броеви, и тоа во: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крстец, Крушевица, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Оревоец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилеп, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тополчани, Тројаци, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.

Во согласност со Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја има надлежноста за воспоставување и управување со Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, кој е дел од идниот Адресен регистар на Република Северна Македонија, а кој ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви.

Адресниот регистар, е еден од државните приоритети и ќе биде единствен и авторитативен извор на адресни информации во РСМ. Информациите за адресните податоци, ќе се добиваат на брз и ефикасен начин, по електронски пат, преку систем обезбеден од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …