МВР

Акциска контрола на СВР Битола во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“

Од дневниот билтен на МВР:

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола, во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ. Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, при што биле затекнати 13 малолетници без надзор на родител после 24.00 часот и тие биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Во Битола, околу 01.00 часот после полноќ, од страна на полициски службеници при СВР Битола во близина на месноста „Јени Џамија“ биле затекнати лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно места. Истите биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …