Албанија: Локални избори без учество на опозицијата

Албанија: Локални избори без учество на опозицијата

Утринава во 07.00 часот во Албанија започна изборниот процес во кој граѓаните ќе треба да изберат 61 градоначалник. Изборите се одвиваат без учество на опозицијата, која на почетокот на изборниот ден организираше мирни протести кои за кратко време биле прекинати.

Во дури 35 од вкупно 61 општина, во изборната трка учествува само еден кандидат.

Право на глас имаат 3.536.015 албански државјани, а изборите ги следат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, како и мисиите на странските амбасади во Албанија.

Едмонд Темелко по четврт пат се кандидира за градоначалник на Пустец, а негов противкандидат е Пали Колевски од Социјалистичката партија.

Во трката за советнички места се наоѓаат двајца Македонци, и тоа Илчо Костоски за советот на Тирана и Индрит Абдиај за Елбасан, и двјацата членови на Партијата на зелените.

Прочитајте повеќе

украина напад загинаа

Пет лица загинаа, а 67 се повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

Еден од најкрвавите напади врз трговски центар се случи минатиот месец, кога, според украинските власти, …