Објавена е „Комуникациска стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 - 2020 година“

Објавена е „Комуникациска стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 – 2020 година“

Владата на Република Северна Македонија го објави документот „Комуникациска стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 – 2020 година“ (www.vlada.mk/komunikaciska-strategija), кој ги дефинира стандардите за отворена комуникација меѓу Владата и јавноста.

Целта на оваа стратегија е да обезбеди видлив и достапен систем за односи со јавност, како целосно нов концепт за активна транспарентност и отчетност на владините институции кон граѓаните. Стратегијата обезбедува нова комуникациска култура за критичка и слободна јавна дискусија во иницирањето, креирањето и спроведувањето на амбициозната програма за политички и демократски реформи и за враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот. Со овој документ дефинирани се правци за професионален развој на владините комуникатори, стандарди за кампањи од јавен интерес, а за првпат е усвоен и етички кодекс за владини комуникатори. Според овие стандарди, владините комуникации, и практично и официјално, се подредуваат според правилата на етичкото, одговорно и професионално комуницирање.

„Комуникациската стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 – 2020 година“ е придонес за видливоста и гласноста за работењето на Владата и во исто време им овозможува на професионалните и на независните медиуми да го изразат ставот на граѓаните и интересот на јавноста.

Стратегијата, како концепт за отвореност и сервисна ориентираност на Секторот за односи со јавноста на Владата не е наследена, ниту можеше да се најде низ институционалните протоколи за работа на Владата до 2017 година. Во изработката на стратегијата со свои визии, водство и придонес, учествуваа и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министрите и владините комуникатори, а при тоа во целост беа земени предвид и гласот и ставовите на јавноста и на медиумите, како и демократските вредности, како што се отчетноста, услужноста и слободата на изразувањето.

Комуникациската стратегија ги утврдува и ги става на увид на јавноста организациската поставеност на ПР секторот, целите и функциите на еден професионален систем со план за комуникации за петте стратешки столба на владините политики како што се: Ние сме НАТО, одиме во ЕУ; Силна економија – шанса за сите; Држава за граѓаните – вложуваме во луѓето, се грижиме; Едно општество, праведно и еднакво за сите; и Отворена влада во служба на граѓаните.

Стратегијата за комуникација со јавноста за 2019-2020 е резултат на речиси двегодишен ангажман и соработка на владините службеници за односи со јавност кои, согласно определбата на Владата да биде отворена, се вложија во создавањето систем за демократски и сервисен систем за владини комуникации, остварен во соработка со Владата на Обединетото Кралство, на УСАИД и на Институтот за комуникациски студии.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …