влажни коловози

АМСМ: Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини умерен, прилагодете ја брзината на движење на условите на патот

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …