амсм

АМСМ: Од понеделник изменет режим на сообраќај на магистралниот пат Прилеп – Битола

АМСМ известува дека започнувајќи од понеделник 11-ти декември, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот.

Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се’ до завршување на градежните работи.

Прочитајте повеќе

Јавни претпријатија: Од најголеми работодавачи и загубари до фирми без вработени, но со директори

Јавни претпријатија: Од најголеми работодавачи и загубари до фирми без вработени, но со директори

„Национални шуми“, МЖ „Инфраструктура“, МРТ, ЈСП, „Водовод и канализација“ – Скопје, ова се дел од …