врнежи од снег

АМСМ: Поради врнежи од снег, забранет сообраќајот за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Поради обилни врнежи од снег, утринава е воведена забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патните правци Маврово – Дебар и обратно и Струга-Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег врне во западниот дел на Републиката.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …