АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можна појава на голомразица

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можна појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

За една недела од грип заболеле 2.322 лица, засега нема најави за продолжен зимски распуст

За една недела од грип заболеле 2.322 лица, засега нема најави за продолжен зимски распуст

Во текот на втората недела од јануари, односно од 5 до 11 јануари, одговорните во …