влажни коловози

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, се изведуваат градежни активности на патниот правец Фариш-Прилеп

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Поради врнежи од снег, утринава е воведена забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Од „Стентон градба“ ДОО известуваат за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 28.02.2022 година, а во врска со проектот „Рехабилитација на државен пат А1 делница Фариш-Прилеп“ и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …