„Аналитика“: Иницијативата „Отворен Балкан“ нуди можност за раст на компаниите што извезуваат

„Аналитика“: Иницијативата „Отворен Балкан“ нуди можност за раст на компаниите што извезуваат

Иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за извозно ориентираните компании од земјава и тие имаат големи очекувања од иницијативата, покажа истражувањето направено со 50 македонски компании. Истражувањето го направи Тинк тенк организацијата „Аналитика“.

Како што велат од таму, многу голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив, поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компанијата. Високи 96,4 отсто од анкетираните рекле дека оваа иницијатива би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти само 3,6 отсто кои го сметаат спротивното.

Сепак, компаниите во истражувањето во најголем дел сметаат дека во моментов не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани (89,3 отсто) рекле дека не постојат пречки за економска соработка помеѓу земјите во регионот додека 10,7 отсто навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долго задржување на границите, обемна документација и други административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …