скопје

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во новообјавениот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2023 година се нотира дека лани под државна капа работеле 128.879 лица во вкупно 1.371 институција.

Етничка структура на вработените во јавниот сектор

Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, според етнички „клуч“, 70,5 отсто биле Македонци, скоро 22,1 отсто етнички Албанци, 2,6 проценти Турци, а останатите заедници – Роми, Срби, Бошњаци, Власи – биле застапени со помалку од 2 отсто.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

И во 2023 година, во министерствата има големи разлики во застапеноста на етничките заедници. Новите годишни податоци покажуваат дека во четири ресори застапеноста на етничките Македонци е над 70 отсто: во Министерството за земјоделство скоро 73 проценти, во Министерството за одбрана 74,7 проценти, во Министерството за транспорт и врски 71,3 отсто и во Министерството за труд и социјална политика застапеност од 71 отсто.

Од друга страна, во Министерството за политички систем, етничките Албанци се застапени со 84,71 отсто. Зад овој ресор се Министерството за економија со 49,25 проценти и Министерството за локална самоуправа со застапеност од 41,51 отсто. Повеќе од 30 отсто застапеност на етничките Албанци има во Министерството за животна средина – 38 проценти, Министерството за образование – 37,8 отсто и Министерството за правда – 38,02 отсто.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Помалку од 20 отсто застапеност на етничките Албанци има во ресорите за одбрана, транспорт и за земјоделство. Од друга страна, во Министерството за политички систем, само 4,28 отсто од вработените се етнички Македонци, кои со помалку од 50 проценти се застапени во Министерството за економија и во Министерството за локална самоуправа.

Ромската заедница со најголем процент од 3,13 отсто е застапена во Министерството за правда, а воопшто не е застапена во Министерствата за економија, за здравство, за локална самоуправа и за животна средина. Етничките Турци највисока застапеност од 5,22 отсто имаат во Министерството за економија, а со над 4 отсто се застапени и во Министерствата за информатичко општество, за одбрана и за политички систем.

70,6% од вработените со високо и со средно образование

Просечната возраст на вработените во јавниот сектор лани била 46,2 години. Според образованието, најголем број или 52.881 вработен се со високо образование, 38.137 се со средно, а 9.356 се со основно образование.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во јавниот сектор биле регистрирани и 1.813 доктори на науки и 5.102 магистри. Според етничкиот клуч и степенот на образование, вкрстените податоци од Регистарот покажуваат дека од вкупниот број на доктори на науки, 1.490 се Македонци, 321 Албанци, 29 Срби, 20 етнички Турци, 18 Власи и по 6 етнички Роми и Бошњаци.

Од вкупниот број на вработени според етнички и образовен „клуч“ , 904 Албанци се магистри, 12.980 Албанци се со високо образование, а 6.676 се со средно образование.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ахмети ќе ги открие плановите од „црвените подруми“

Ахмети ќе ги открие плановите од „црвените подруми“

Лидерот на ДУИ обвинува за заткулисни планови на двете најголеми македонски партии и стравува дека …