Совет на општина Прилеп

АНАЛИЗА НА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Совет на општината

 Советот е претставнички орган на граѓаните на општината. Советот на општина Прилеп го сочинуваат 27 членови, претставници на граѓаните, од чиј ред се избира претседател на Советот.

Претседателот на Советот ја организира работата на Советот, ги свикува и раководи со седниците на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и ги доставува до градоначалникот за објавување.

Заради разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав формира постојани и привремени комисии.

Со изработената анализа за работата на Советот на општина Прилеп од страна на Здружението за развој на демократијата и слобода на говорот ПУБЛИКУМ МЕДИА Прилеп, објавена на порталот ПУБЛИКУМ, медиумски партнер во проектот, опфатени беа 6 последователни седници на општинскиот Совет, односно 12, 13, 14, 15, 16 и 17 седница, одржани во периодот од 08.06.2022 до 15.11.2022 година.

*Табеларен преглед на директното учество на советниците во работата на седниците на општинскиот Совет

Советник

Вкупен број на седници на кои советникот дискутирал Вкупен број на дискусии Реплики

Советнички прашања

Дејан Проданоски, претседател на Совет

1

1 1

/

Ирена Стерјовска – Локвенец

5

5 5

1

Трајче Ржаникоски

1

1 /

/

Кире Јоноски

1

1 1

/

Диме Бозоски

1

1 1

/

Јулијана Силјаноска

/

/ 1

/

Александра Свајќароска

2

2 /

/

Хилда Белеска

1

1 /

/

Игор Николоски

1

1 1

1

Зоран Јанкулоски

1

1 /

/

Киро Николоски

1

1 /

/

Стефани Стојаноска

1

1 /

/

Дарко Андреески

2

3 1

/

Никола Златески

1

1 /

/

Билјана Кузманоска

2

2 2

/

Моника Грашеска – Илиеска

5

11 1

4

Николче Мариновски

5

10 5

6

Јулијана Цековска

1

1 /

2

Александар Ѓорѓиоски

5

9 1

5

Анита Ристеска

2

3 2

2

Дарко Герамитчиоски

4

7 1

6

Ивона Кузмановиќ

3

4 /

6

Александар Китаноски

5

19 8

7

Марија Симоноска

5

8 2

4

Дениз Мустафоски

1

1 /

3

Иван Јованоски

5

8 9

5

Методија Костоски

5

13 1

4

Анализата на записниците од седниците покажа дека од 27-те членови на Советот на општина Прилеп, осуммина дискутирале на 5 од 6-те седници, еден советник на 4, на 3 или помалку седници дискутирале 17 советници, додека една советничка воопшто не се јавила за збор.

Најголем број на дискусии имал советникот од редовите на СДСМ и коалицијата, Александар Китаноски, вкупно 19. Членот на Левица, Методија Костоски на говорница излегол 13 пати, а Моника Грашеска-Илиеска и Николче Мариновски од СДСМ и коалицијата, за збор се јавиле 11, односно 10 пати.

Дури 11 советници имале само по една дискусија, додека Јулијана Силјаноска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не дискутирала во ниту една од 6-те седници.

Најмногу, вкупно 9 пати, на колегите им реплицирал советникот на Левица, Иван Јованоски, еднаш помалку тоа го направил Александар Китаноски од СДСМ и коалицијата, а по 5 реплики имале Ирена Стерјовска-Локвенец од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и Николче Мариновски од СДСМ и коалицијата.

Десетмина членови на општинскиот Совет на ниедна од 6-те седници не го искористиле правото на реплика.

Кога се во прашање советничките прашања, најмногу, 45, поставила советничката група на СДСМ и коалицијата. Советниците на Левица имале 9, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата две советнички прашања.

Нема податок на колку од вкупно поставените 56 прашања советниците добиле, односно не добиле конкретен одговор.

Она што како новина во работата на овој состав на општинскиот Совет треба да се истакне, е дека седниците можат директно да се следат на фејсбук страната на Општина Прилеп. Иако сеуште не може да се зборува за некоја голема бројка на гледаност, сепак можноста секој жител на општина Прилеп да види како избраните советници го застапуваат јавниот интерес, претставува значаен исчекор во транспарентното функционирање на едниот од двата органа на општината.

Дофрлања од место, дискусии надвор од точките на дневниот ред, како и непочитување на деловникот за работа на Советот најчесто искажано преку пречекорување на времето за дискусија, се најчестите аномалии во работата на советниците. Аномалии кои, речиси без исклучок, се повторуваат на секоја седница.

Она коешто мора да се потенцира како скандал без преседан, е во повеќе наврати искажаното непримерно и недостоинствено однесување на советникот на Левица, Иван Јованоски.

Неговиот неретко вулгарен речник, омаловажувањето, пцовките и навредите упатени кон членови на општинскиот Совет, кон вработените во општинската администрација, официјалните гости и останатите присутни на седниците, освен навреда на лична основа, претставува дискредитирање и рушење на дигнитетот на институцијата Совет.

*Забелешка:

Податоците кои се користени при изработка на анализата, преземени се од официјалните записници од одржаните седници на Советот на општина Прилеп.

Во анализата не се вклучени процедуралните забелешки на советниците, дискусиите поврзани со усвојување на записниците од претходните седници, предлозите околу предлагање и усвојување на дневниот ред, како и извештаите на претседателите на комисии по однос на прашањата за кои се расправа.

ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Советници од редовите на ВМРО-ДПМНE и коалицијата:

  1. Дејан Проданоски, претседател на Совет
  2. Ирена Стерјовска – Локвенец
  3. Трајче Ржаникоски
  4. Кире Јоноски
  5. Диме Бозоски
  6. Јулијана Силјаноска
  7. Александра Свајќароска
  8. Хилда Белеска
  9. Игор Николоски
  10. Зоран Јанкулоски
  11. Киро Николоски
  12. Стефани Стојаноска
  13. Дарко Андреески
  14. Никола Златески
  15. Билјана Кузманоска

Советници од редовите на СДСМ и коалицијата

  1. Моника Грашеска – Илиеска
  2. Николче Мариновски
  3. Јулијана Цековска
  4. Александар Ѓорѓиоски
  5. Анита Ристеска
  6. Дарко Герамитчиоски
  7. Ивона Кузмановиќ
  8. Александар Китаноски
  9. Марија Симоновска
  10. Дениз Мустафоски

Советници од редовите на Левица

  1. Иван Јованоски
  2. Методија Костоски

Анализата на работата на општинскиот Совет, е дел од проектот „Зголемување на транспарентноста на работата на Советот на општина Прилеп“, финансиран со средства од буџетот на Општина Прилеп наменети за здруженија на граѓани и фондации за 2022 година. 

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …