Анкета: Какви субвенции сакаат битолчани?

Анкета: Какви субвенции сакаат битолчани?

Согласно начелата за подобрување на квалитетот на живеење, почиста животна средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, Општина Битола ќе спроведе мерка за субвенционирање со која дел од она што се смета за загадувач на животната средина, ќе се обиде да го замени со еколошки и корисни средства за животната средина, а со тоа и за граѓаните на нашата општина. Следејќи ги позитивните политики на Владата на Република Северна Македонија кои ги најави и премиерот Зоран Заев, а кои се однесуваат на субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен, Општина Битола реши одлуката да се донесе и во консултација со граѓаните на Општина Битола.

„За таа цел, би сакала да ве повикам, следните 10 дена на официјалната интернет страна на Општина Битола, да го остварите своето граѓанско право, со пополнување на кратката анкета, прикажана како анкетен лист, за тоа како вие сметате дека најдобро можеме да си помогнеме за почиста Битола. По анализите, во анкетниот лист се понудени приоритетните субвенции и тоа: инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди. Вашето мислење, почитувани, ќе има важна улога во одлуката и оваа година, Општина Битола да им помогне на нашите сограѓани, како и изминатите години наназад, да имаат услови и можност и тие со субвенции од општината да придонесат кон подобрување на животната средина“, изјави Татјана Крнчева, претседател на Комисијата за заштита на човековата средина.

Анкетата се наоѓа на линк на општинската страна и ќе трае заклучно со 13 септември.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …