Анкета Телма/МЦМС: Заев убедливо пред Мицкоски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во „мртва трка“ за поддршка

За Заев се изјасниле 39,7 отсто, додека за Мицкоски 28,3 отсто од испитаниците

Прашањето, за кого би гласале доколку утре има избори, покажува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во „мртва трка“ за гласови, со 18,6 % поддршка за СДСМ и 18,1 % за ВМРО-ДПМНЕ.

Подем има кај Левица, за која се изјасниле 6,2 отсто од испитаниците во ова истражување.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја има поддршката од 39,7 отсто, додека неговиот главен конкурент, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го поддржуваат 28,3 отсто од граѓаните, покажува анкетата што ја спроведе агенцијата „М проспект“ за Телма и МЦМС, овој месец, која меѓу другото, го мери и рејтингот на лидерте на двете најголеми партии во земјава.

Заев ја нема довербата кај 59,4 отсто од испитаниците додека, Мицкоски не го поддржуваат 70 отсто од испитаниците.

Анализата на Телма и МЦМС покажала дека недоверба во Мицкоски има и кај останатите етнички заедици, посебно кај Албанците, а ниска доверба за Мицкоски има и кај гласачите и од другите партии од опозицијата, со кои Мицкоски сака да соработува.

Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 24 декември, телефонски, на примерок од 1.000 испитаници. Маргината на грешка е +-3 отсто, а нивото на доверба 95 проценти.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …