Претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата (Антикорупциска), Билјана Ивановска, вели дека оваа институција ја поддржува идејата за проверка или “ветинг” на судиите и јавните обвинители, со оглед дека до нив има многу поплаки од граѓаните за работата на судиите и обвинителите, пишува „Порталб.мк.

Ние го поддржуваме “ветингот и мислам дека тоа може да помогне во изборот на судии и обвинители, што е многу важно за градење на правната држава. Уште повеќе што до Комисијата за спречување на корупцијата се поднесени многу пријави од граѓани, кои не се задоволни од постапувањето на судиите и обвинителите, што е показател ниско ниво на професионализам и висок ризик за корупција на судиите и јавните обвинители”, вели Ивановска.

Неодамна ДУИ објави дека има поднесено предлог-закон до Собранието за ветинг” на функционерите, додека СДСМ, ја посочи Антикорупциска и оценува дека тие, со новиот закон имаат надлежност да спроведат такви проверки.

Сепак, претседателка Ивановска, вели дека заветингнеопходни се законски измени, и дека сега за сега тие имаат надлежност да спроведат контроли само на сегашните судии и обвинители, но не можат да ги контролираат и потенцијалните кандидати.

“За спроведување ветинг треба да се усвои закон со кој ќе се дефинираат основите и столбовите за спроведување на ветингот и институциите што ќе имаат овластување да го спроведат (контрола на имотната состојба, потврда на релевантните квалификации, контрола на корупциски скандали итн.). Со законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Антикорупциска врши контрола на имотната состојба на избрани и именувани лица (меѓу кои има и судии и обвинители), но не и на потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители”, додава Ивановска .

Инаку ветингот е процес кој служи за разрешување на јавните службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. По правило, процесот на ветинг се врши со контрола на некое лице пред да му биде понудена работа. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се базира на контрола на способностите, на личноста, имотот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.

Извор: МЕТА