Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил.

Рустеми побара повторно одредување притвор, велејќи дека Груевски веќе еднаш избегал, па постои ризик повторно да го направи тоа, јави „Алсат – М“.

Предметот „ТНТ“ сè уште се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште беше планирано да се испрашуваат сведоци од одбраната.

Покрај Груевски, обвинети во случајот за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, и уште 4 други лица.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …