АстраЗенека – една вакцина, 27 правила за користење во ЕУ

АстраЗенека – една вакцина, 27 правила за користење во ЕУ

Министрите за здравство на земјите членки на ЕУ не договорија заеднички пристап кон вакцината АстраЗенека, без оглед на повиците за координација од Брисел заради сузбивање на сомнежот во оваа вакцина.

На видео-конференцијата, министрите за здравство од ЕУ не се усогласија и сите држави ги задржуваат различните препораки за вакцината. Се очекува разговорите на оваа тема да продолжат.

Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес на видео-средбата инсистираше на координиран европски пристап, кој нема да ги збунува граѓаните и нема да поттикнува недоверба во вакцините.

И покрај ретките случаи на згрутчување на крвта, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера (7.04) препорача неограничена примена на вакцината на АстраЗенека, со образложение дека ползата е поголема од ризиците.

Земјите од ЕУ препорачаа различни граници за возраста за вакцинирање со АстраЗенека, иако ЕМА не препорача такво нешто бидејќи нема податоци кои тоа би го оправдале.

Германијазасега ја ограничи употребата на Астра Зенека на лица постари од 60 години и групи со висок приоритет, а одлуката за луѓето на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на Астра Зенека е одложена за идната недела.

Во Франција и Белгија вакцината се дава само на лица над 55 години. Во Финска со АстраЗенека се вакцинираат само лица над 65 години. Италија препорача да се вакцинираат со АстраЗенека само оние над 60 години. Другите земји на ЕУ во моментов немаат ограничувања за вакцината.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …