Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт

Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт

Автомобил удрил во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, при што се запалил, а возачот загинал, соопшти полицијата, наведувајќи дека возилото удрило околу 6 часот по локално време на 6 април, но не влегло во комплексот на амбасадата. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но возачот починал на местото на настанот, се вели во соопштението.

Не е јасно дали станува збор за несреќа или намерен чин. Полицијата соопшти дека го истражува инцидентот, а не го соопшти идентитетот на возачот. Во последниве недели, неколку руски амбасади на други места во Европа беа цел на демонстранти лути поради неиспровоцираната војна на Москва во Украина.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …